Read the original description
Реконструкција на електрична инсталација во административна зграда
Предмет на договорот: Реконструкција на електрична инсталација во административна зграда
Договорен орган: Јавно претпријатие за државни патишта
Адреса на договорниот орган: ул. Даме Груев бр.14, Скопје 1000
Број на одлука: 17122/2026
Вид на набавка: Works
Вид на постапка: Open
Критериум за избор: Најниска цена (100 поени)
CPV: 45000000-7 - Градежни работи
Времетраење на договорот: 24 месеци
Место на испорака: наведено е во тендерската документација
Опис на предметот: наведено е во тендерската документација
Поделба на делови: не
Проценета вредност: не е објавена во јавниот оглас.
Краен рок за поднесување понуди (приказ на ЕСЈН): 09.11.2026 година во 11:00 часот
Структурирано поле за гаранција за квалитетно извршување на договорот: 10.0 %
Краен рок за прашања (приказ на ЕСЈН): 03.11.2026 година во 15:30 часот
Јавно отворање (приказ на ЕСЈН): 09.11.2026 година во 11:00 часот
Електронски алатки: се користат
Критериуми за професионална дејност и техничка/професионална способност:
Лиценца А за изведувач на градби од прва категорија, согласно Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/2009, 124/2010, 18/2011, 36/2011, 54/2011, 13/2012, 144/2012, 25/2013, 79/2013, 137/2013, 163/2013, 27/2014, 28/2014, 42/2014, 115/2014, 149/2014, 187/2014, 44/2015, 129/2015, 217/2015, 226/2015, 30/2016, 31/2016, 39/2016, 71/2016, 132/2016, 35/2018, 64/2018 и 168/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/2019, 18/2020, 279/2020, 227/2022, 111/2023, 224/2024, 255/2024, 3/25, 17/25, 87/25, 101/25, 250/25, 269/25 и 51/26) или за Странските Економски оператори Потврда издадена од органот надлежен за вршење на работи од областа на уредување на просторот согласно член 42 од Закон за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/2009, 124/2010, 18/2011, 36/2011, 54/2011, 13/2012, 144/2012, 25/2013, 79/2013, 137/2013, 163/2013, 27/2014, 28/2014, 42/2014, 115/2014, 149/2014, 187/2014, 44/2015, 129/2015, 217/2015, 226/2015, 30/2016, 31/2016, 39/2016, 71/2016, 132/2016, 35/2018, 64/2018 и 168/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/2019, 18/2020, 279/2020, 227/2022, 111/2023, 224/2024, 255/2024, 3/25, 17/25, 87/25, 101/25, 250/25, 269/25 и 51/26) во случај на групна понуда важи за секој од членовите на групата кој ќе учествува во извршување на работите. Тоа треба да е јасно видливо од описот на обврските на секој член во договорот за заеднички настап (договор за групна понуда). Доколку од договорот не може јасно да се разграничат обврските и улогите на секој од членовите во извршувањето на договорот, тогаш секој член на групата треба да ја има и поднесе лиценцата.
а) Персонал
- Најмалку 1 (еден) дипломиран електро инженер со овластување А за изведба од областа на електротехника, истиот може да биде предложен и за позиција дипломиран електро инженер со овластување А за изработка на проектна документација од областа на електротехниката;
- Најмалку 1 (еден) дипломиран електро инженер со овластување А за изработка на проектна документација од областа на електротехника, истиот истовремено може да биде предложен и за позиција дипломиран електро инженер со овластување А за изведба од областа на електротехника.
- Најмалку 4 (четри) лица со ССС електро насока ( електромонтер или електроинсталатер или електротехничар) .
-За лицата кои се предложени во персонал потребно е да се спроведени сите барања на Законот за безбедност и здравје при работа.
Доколку економскиот оператор има намера одредени елементи од договорот
да ги отстапи на Подизведувач потребно е да достави известување за истото.
Дополнителни административни информации:
1. Најповолниот понудувач потребно е да обезбеди банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот во износ од 15 % од вредноста на договорот со вклучено ДДВ, во форма согласно образец даден во тендерската документација и во рок од 7 дена по добивање на Писмото за прифаќање, заедно со потпишаниот договор да ги достави кај договорниот орган.
Гаранцијата за навремено и квалитетно извршување на договорот се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма.
Гаранцијата за навремено и квалитетно извршување на договорот треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
Гаранцијата за навремено и квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот плус 28 дена, односно (19 месеци плус 28 дена).
Банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
Гаранцијата за навремено и квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка, а во форма и содржина согласно образецот даден како прилог во Тендерската документација.
Гаранцијата за навремено и квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува по склучување на договорот во рок определен од страна на Договорниот орган.
Гаранцијата за навремено и квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок и тоа: во архивата на Јавното Претпријатие за државни патишта.
Гаранцијата за навремено и квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста.
Во случај на неисполнување на некоја од обврските во рокот на стасаноста од договорот за јавна набавка согласно договореното, договорниот орган писмено ќе го извести носителот на набавката дека ќе пристапи кон наплата на банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот.
Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот. Гаранцијата за навремено и квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
2. Валута на понудата и на договорот:
- Цената на понудата се изразува во Македонски денари (МКД).
- Исплатата во рамки на Договорот ќе се врши целосно во Македонски денари (МКД).
3. Доколку економскиот оператор има намера одредени елементи од договорот да ги отстапи на Подизведувач, потребно е да се достави Договор за подизведување и листа на подизведувачи.
(Договорот за подизведување треба да биде електронски потпишан со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис минимум од одговорното/овластено лице на носителот на понудата и да содржи податоци за постапката за која се поднесува понуда).
4. Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со Договор дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
(Договорот треба да биде електронски потпишан со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис минимум од одговорното/овластено лице на носителот на понудата и да содржи податоци за постапката за која се поднесува понуда).