Read the original description
Одржување на постоечки електронски систем за едукација
Одржување на постоечки електронски систем за едукација
Одржување на постоечки електронски систем за едукација со вклучено превентивно и адаптивно одржување
Вид на постапка: Open
Договорен орган: Биро за јавни набавки, Министерство за финансии
Вид на набавка: Services
CPV 72250000-2: Услуги за одржување и поддршка на системи
Времетраење на договорот: 24 месеци
Краен рок за поднесување понуди: 20.10.2026 година во 11:00 часот
Критериуми за доделување: Цена 80 бодови; Квалитет 20 бодови
1. Образложение за бодување на елементот Цена За елементот Цена се утврдени вкупно 80 бодови. При тоа, цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Најниската понудена цена добива максимален број бодови (80), а останатите понуди ќе се бодуваат според формулата: (најниска цена/понудена цена) x 80 2.Образложение за бодување на елементот квалитет: За елементот Квалитет се утврдени вкупно 20 бодови, а истиот се однесува на ангажираниот персонал-Проектниот тим, кој треба да ги содржи следните клучни експерти со ниво на образование, и минимално искуство - Прилог 2 1) Проектен менаџер - минимум високо образование од областа на ИТ, - минимум 5 години искуство во областа на изработка, развој или одржување на софтвери - минимум 3 референци од областа за изработка, развој или одржување на софтвер и за последните 5 години, 2021, 2022, 2023, 2024 и 2025 год. - минимум 1 официјален сертификат PMP, Prince2, CAPM, SCRUM или еквивалентен од областа на проектен менаџмент или диплома за постдипломски студии за Проектен менаџмент 2) Програмер - минимум високо образование од областа на ИТ- минимум 5 години искуство во областа на изработка, развој или одржување на софтвери - минимум 3 референци од областа на изработка, развој или одржување на софтвери за последните 5 години, 2021, 2022, 2023, 2024 и 2025 год. 3) Дата база администратор - минимум високо образование - минимум 5 години искуство во областа на изработка, развој или одржување на софтвер - минимум 3 референци од областа на изработка, развој или одржување на софтвери за последните 5 години, 2021, 2022, 2023, 2024 и 2025 год. - минимум поседување на официјален сертификат Microsoft SQL server или еквивалентен 4) Имплементатор (тестер) - минимум високо образование - минимум 3 години работно искуство од областа на изработка, развој или одржување на софтвер - минимум 2 референци за изработка, развој или одржување на софтвери последните 3 години, 2023, 2024 и 2025 год. - минимум поседување на официјален сертификат за тестер ISTQB или еквивалентен Елементот „ КВАЛИТЕТ на проектен тим “ ќе се бодува само за доставените понуди кои ги исполнуваат кумулативно сите утврдени минимални услови. Понудата која не ги исполнува сите минимални услови наведени во точки 1,2, 3 и 4 нема да се бодува и ќе биде исклучена од понатамошна евалуација на понудите. Начинот на бодување е како што следи: I Поделемент за критериум за квалитет: Искуство на проектниот тим во соодветната област – максимум 10 бодови. Искуството на тимот се пресметува како просек на нивното искуство (збир од искуството на сите членови од проектниот тим, поделен со бројот на членови од проектниот тимот (четири)). При пресметка на искуство на член на тим, покрај наведените години, предвид ќе се зема и искуството наведено во месеци. Понудата со најголемо искуство на тимот како што е објаснето погоре, ќе добие максимален број на бодови, а останатите ќе добијат бодови сразмерно помалку според следната формула: Број на бодови = Искуство на тимот Х максимален број бодови Понуда со најголемо искуство II Поделемент за критериум за квалитет: Референци на проектниот тим во соодветната област – максимум 10 бодови. Референци на проектниот тим во соодветната област како број на проекти на проектниот тим во подрачје(областа) на изработка, развој или одржување на софтвер. Истиот ќе се бодира на следниот начин: така што на секој член од тимот ќе се земат во предвид бројот на доставени потврди за релевантни проекти (референци) од областа на изработка, развој или одржување на софтвер. (збир од доставени потврди за релевантни проекти (референци) на сите четири членови од тимот). Понудата со најголем број на релевантни референци на тимот како што е објаснето погоре, ќе добие максимален број на бодови, а останатите ќе добијат бодови сразмерно помалку според следната формула: Број на бодови = Број на релевантни референци Х максимален број бодови Понуда со најголем број на релевантни референци Докази за евалуација на елементот „ КВАЛИТЕТ на проектен тим “ Економскиот оператор задолжително со понудата ја доставува следната документација за евалуација на елементот „ КВАЛИТЕТ на ангажираниот персонал “, при што истата дополнително не може да се бара или доставува: - Пополнет Прилог 2 – Табели за професионални квалификации, искуство и референци на проектниот тим - Потврди за релевантни проекти (референци) - Изјава/Кратка биографија (CV), дипломи за секој од предложените кадри со листа и опис на проекти – искуство во слични и/или исти проекти, од областа на изработка, развој или одржување на софтвер, со своерачен потпис на лицето. - Сертификати/диплома за Проектниот менаџер, Дата база администраторот и тестерот, согласно барањата во тендерската документација - Листа од Агенција за вработување на РСМ не постара од 20 дена од денот на објава на огласот (за вработените лица) или Договор за дело, Договор за ангажман или друг вид на доказ (за ангажираните лица). Доколку на две или повеќе понуди им биде доделен ист број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.