04. November 2026, 09:00 Uhr angezeigte Ortszeit (Zeitzone nicht angegeben)
Uhrzeit nicht angegeben
Auftragswert
In der Bekanntmachung nicht angegeben
Vertragslaufzeit
Insgesamt bis zu 42 Monate: Lieferung innerhalb von 150 Tagen nach Inkrafttreten, anschließend 36 Monate Kundendienst und Garantieservice ab Abnahme.
Veröffentlicht
2. Oktober 2026
Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН)
Überblick
Die Zivilluftfahrtagentur beschafft Personalcomputer und Monitore einschließlich Kundendienst und Garantieservice. Laut Bekanntmachung ist die Beschaffung unteilbar. Die Lieferung ist spätestens 150 Tage nach Inkrafttreten des Vertrags vorgesehen; danach folgen 36 Monate Service und Garantie ab Abnahme. Die maximale Gesamtlaufzeit beträgt 42 Monate, und eine Vertragserfüllungsgarantie von 5 % ist genannt. Allein der Preis ist das Zuschlagskriterium; eine elektronische Auktion ist vorgesehen. Der Zahlenwert der veröffentlichten Schätzung beträgt 12.000.000, die Währung ist in den abgerufenen Bekanntmachungsfeldern nicht angegeben.
Назив на набавката: Персонални компјутери и монитори
Договорен орган: М-НАВ АД Скопје
Број на одлука: 17028/2026
Вид на набавка: Goods
Предмет/категорија: Купување
CPV: 30213000-5 — Персонални компјутери
Проценета вредност: 12000000.0 (валутата не е наведена во достапните полиња на известувањето).
Времетраење на договорот: 42 месеци.
Деливост: не.
Критериум за доделување: Price — 100 поени
Електронска аукција: да.
Краен рок за понуди: 04.11.2026 година во 09:00 часот (објавено локално време; временска зона не е наведена).
Краен рок за прашања: 27.10.2026 година во 15:30 часот (објавено локално време; временска зона не е наведена).
Краен рок за одговори: 29.10.2026 година во 15:30 часот (објавено локално време; временска зона не е наведена).
Место/испорака: • Стоките треба да се достават, внесат и уредно да се позиционираат во магацинот на Договорниот орган, лоциран на вториот кат во објектот Контрола на летање, на улица Босфор бр.7, Мралино, Илинден.
Дополнителен опис во известувањето: Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на стоки – Персонални компјутери и монитори, како и извршување на задолжителни постпродажни услуги и гарантен сервис (СЛА) од страна на Носителот. Детален опис на опремата од предметот на набавка е даден во техничките спецификации.Договорот се смета за склучен на денот на потпишувањето од двете договорни страни (доколку не е потпишан во ист ден, за ден на склучување се смета денот кога го потпишала втората страна). Договорот стапува на сила по доставувањето на задолжителната Банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот (5%) од кога почнуваат да течат роковите предвидени во него. Договорот е со времетраење до целосно и конечно исполнување на сите обврски од двете договорни страни, но не подолго од 42 месеци. Реализацијата на договорот се одвива во две фазиЧ
• Фаза 1 (Испорака)Ч Испорака на опремата во рок од максимум 150 дена од стапувањето на сила на договорот, проследена со процедура и период за квалитативен прием. Оваа фаза завршува со обострано потпишување на Записник за прием.
• Фаза 2 (Постпродажни услуги и СЛА)Ч Период на одржување и гарантен сервис во траење од 36 (триесет и шест) месеци. Овој рок започнува да тече од денот на успешно потпишаниот Записник за прием.
Предметот на набавката е неделлив и се спроведува како една единствена целина.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА НЕДЕЛЛИВОСТ НА ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКАЧ
Окрупнувањето на набавката е неопходно заради обезбедување на апсолутна хардверска и екосистемска компатибилност помеѓу компјутерите, мониторите и периферијата, со што се елиминира ризикот од системски конфликти и „тесни грла“ (боттленецкс) во перформансите на ИТ инфраструктурата на Договорниот орган.
Ваквата хомогена набавка е особено критична имајќи предвид дека специфичните работни процеси во одредени организациски единици на институцијата налагаат поврзување на повеќе монитори на една иста работна станица (мулти-монитор сетупс). Набавката на целокупната опрема во еден единствен неделлив пакет гарантира визуелна унифицираност на работните места и 100% компатибилност на видео-интерфејсите при ваквите мулти-монитор конфигурации. Оттука произлегува и техничката потреба вкупниот број на монитори кои се предмет на набавка да биде поголем од вкупниот број на персонални компјутери.
Дополнително, преку изборот на еден носител се воспоставува Единствена точка на одговорност (Сингле Поинт оф Аццоунтабилитѕ), со што категорично се спречува меѓусебно префрлање на одговорноста помеѓу различни добавувачи во случај на дефект, синхронизациски проблеми со дисплеите, или потреба од дијагностика во гарантниот рок.
На крајот, поради специфичниот и строго контролиран безбедносен режим во објектот и неговиот периметар од страна на МВР, кој наложува ригорозни проверки на ангажираните лица и возила на Носителот на набавката, евентуалното делење на предметот на набавка би предизвикало неоправдано мултиплицирање на безбедносните ризици, логистички хаос и несинхронизирани процеси при квалитативниот прием и тековното одржување на опремата.
Дополнителни административни информации во известувањето: За да се смета за комплетна и валидна, понудата задолжително ги содржи следните елементи, обрасци и изјави согласно Законот за јавни набавки (ЗЈН):
• ПРИЛОГ – Образец на понуда, Образец на финансиска понуда, Образец на техничка понуда
• ПРИЛОГ – Изјава за сериозност на понудата
• ПРИЛОГ – Изјава за прифаќање на условите за сервис и гаранција
• Изјава (креирана, и потпишана од самиот Економски оператор/понудувач) со која тој под целосна морална, материјална и кривична одговорност гарантира дека фабрички вградените SSD дискови во компјутерите, како и испорачаните резервни SSD дискови, ќе бидат базирани на TLC (или подобра) архитектура и ќе имаат фабрички декларирана издржливост од минимум 250 TBW. Не се бара доставување на фабрички технички лист (Data sheet) за SSD уредот во фаза на понуда.
• Документи за докажување на способноста
• Стандарди за системи за квалитет
• Документ за регистрирана дејност
• Технички Каталози (Datasheets):
• Договор за групна понуда (доколку станува збор за група ЕО)
• Образец за подизведувач (само доколку е применливо за конкретниот понудувач).
https://zephior.com/de/tenders/dd97092d-ca83-412f-91f6-f37de7d1ce73/personalcomputer-und-monitore https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/092c83d9-29f3-4b25-863f-c0922e528d89/1 Quelle abgerufen: 2026-10-14T06:15:31Z