Büromaterial
Electronic Public Procurement System (e-Nabavki), Republic of North Macedonia
Überblick
Das Gesundheitszentrum in Kriva Palanka beschafft Bürobedarf in einem elektronischen Verfahren für Waren mit niedrigem geschätztem Wert. Die Beschaffung ist in sieben Lose geteilt: Druckformulare, allgemeines Büromaterial sowie Toner und Trommeln für Geräte von Samsung, Brother, HP, Ricon und Xerox. Angebote sind elektronisch und auf Mazedonisch über das nationale Vergabesystem einzureichen. Gefordert werden ein Nachweis der beruflichen Tätigkeit und eine elektronisch unterzeichnete Erklärung zur Ernsthaftigkeit des Angebots. Bietergemeinschaften sind nach den Regeln zur gemeinsamen Haftung zulässig. Zuschlagskriterium ist der niedrigste Preis. Die Preise sind in Denar anzugeben, die Mehrwertsteuer gesondert. Die Lieferung erfolgt nach Bedarf binnen drei Tagen je Bestellung; die Vertragsdauer beträgt zwölf Monate. Die Zahlungsfrist beträgt mindestens 60 Tage nach Rechnung und Annahme. Die Frist ist abgelaufen; ein Zuschlagsergebnis ist in den verfügbaren Bekanntmachungsdaten nicht enthalten.
Informationen aus der öffentlichen Bekanntmachung
Fragen zur Ausschreibung
Was der Auftraggeber benötigt
Die formelle Bekanntmachung und die Vergabeunterlage betreffen sieben Lose mit Bürobedarf und Verbrauchsmaterial. Die separat aufgeführte technische Spezifikation und das technische Angebotsformular wurden nicht gelesen.
- Das Angebot ist elektronisch über das nationale Vergabesystem mit qualifizierter elektronischer Signatur einzureichen; Angebot und Korrespondenz müssen auf Mazedonisch sein.
- Ein Nachweis der Registrierung für eine zum Auftragsgegenstand passende berufliche Tätigkeit ist vorzulegen.
- Einzelangebote und Bietergemeinschaften sind nach den Regeln zu gemeinsamer Haftung und Teilnahme zulässig.
- Einzureichen sind Finanzangebot, technisches Angebot samt erforderlichen Anlagen, eine unterzeichnete Erklärung zur Ernsthaftigkeit des Angebots und der Tätigkeitsnachweis.
- Gesamtpreise sind in Denar einschließlich Kosten und Abgaben anzugeben; die Mehrwertsteuer ist gesondert auszuweisen.
Lose
1 ·Printed forms
2 ·Office supplies
3 ·Samsung printer toner
4 ·Brother printer toner and drum
5 ·HP printer toner and drum
6 ·Ricon copier toner
7 ·Xerox printer toner
Details
- Auftraggeber
- Öffentliche Gesundheitseinrichtung Gesundheitszentrum Academician Prof. Dr. Dimitar Arsov, Kriva Palanka
- Land
Nordmazedonien
- Verfahren
- Elektronische Vergabe von Waren mit niedrigem geschätztem Wert
- Klassifizierung
- Büro- und Computerbedarf
- Bekanntmachungsreferenz
- d7a34402-8c88-47b8-bb1f-6ef8e984e107
- Bekanntmachungsnummer
- 17535/2026
- Lose
- 7 Lose für Druckformulare, Büromaterial und Drucker-/Kopiererverbrauchsmaterial
- Zuschlagskriterium
- Niedrigster Preis
- Angebotsfrist
- 16. Oktober 2026, 08:00 laut Vergabeunterlage; Zeitzone nicht angegeben. API und Zeitstempel: 06:00 UTC.
- Vertragslaufzeit
- 12 Monate, geplant vom 2. November 2026 bis zum 2. November 2027
Was in den Vergabeunterlagen zu prüfen ist
- Der geschätzte Auftragswert ist in der offiziellen Bekanntmachungsantwort nicht veröffentlicht.
- Die verfügbaren aktuellen Bekanntmachungsdaten enthalten kein Zuschlagsergebnis, keinen Gewinner und keinen Zuschlagswert.
- Detaillierte Artikelanforderungen stehen in einer separaten technischen Spezifikation, die nicht geprüft wurde.
Originalbekanntmachung
Originalbeschreibung lesen
Канцелариски материјали
Offizielle Quelle: Electronic Public Procurement System (e-Nabavki), Republic of North Macedonia ↗
Aktualisierungen
16. Oktober 2026 · Fassung 2
Auftraggeber aktualisiert · Klassifizierung aktualisiert · Vertragslaufzeit aktualisiert · Fristangaben aktualisiert · Zusammenfassung und Analyse aktualisiert · Ausschreibungsangaben aktualisiert · Originalbekanntmachung aktualisiert · Frist aktualisiert · Ort aktualisiert · Quelle aktualisiert · Angaben der Quelle aktualisiert · Quellenverweise aktualisiert · Status geändert · Aktualisierung hinzugefügt
Канцелариски материјали
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ за набавка на Стоки - Канцелариски материјали со број на оглас 17535/2026 09.10.2026 10:12 Врз основа на член 48 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19,Службен весник на РСМ бр.87/21 и бр.14/25), подготвена е: ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА За набавка од мала вредност на Стоки - Канцелариски материјали Тендерската документација содржи: 1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА ...................................................................................................3 2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА....................................................................................................................5 3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА......................................................................................5 4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИ ..........................................................8 5. УТВРДУВАЊЕ СПОСОБНОСТ......................................................................................10 6. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА .........................................11 7. ЕВАЛУАЦИЈА И ОТВАРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ ........................................................11 8. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА..................................................................................................15 9. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА...................................................................................................................................16 10. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ........17 1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА 1.1. Договорен орган 1.1.1. Договорен орган е Јавна здравствена организација Здравствен дом Академик Проф.д-р. Димитар Арсов - Крива Паланка, адреса Св.Јоаким Осоговски бб, телефон 031 475 750, електронска адреса jzudimitararsov@yahoo.com 1.1.2. Лице за контакт кај договорниот орган е [личното име и телефон на контакт лицето се редактирани] електронска адреса jzudimitararsov@yahoo.com. 1.2. Предмет на набавка 1.2.1. Предмет на набавка е набавка на стоки Канцелариски материјали. Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации. 1.2.2. Предметот на набавката е делив. Предмет на дел Број на дел ПЕЧАТЕНИ ОБРАЗЦИ 1 КАНЦЕЛАРИСКИ МАТЕРИЈАЛИ 2 ТОНЕРИ ЗА ПЕЧАТАР SAMSUNG 3 ТОНЕРИ И ДРУМ ЗА ПЕЧАТАР BROTHER 4 ТОНЕРИ И ДРУМ ЗА ПЕЧАТАР HP 5 ТОНЕРИ ЗА ФОТОКОПИР RICON 6 ТОНЕРИ ЗА ПЕЧАТАР XEROX 7 1.2.3. Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 12 месеци. 1.2.4. Договорот за јавната набавка се планира да започне на 02.11.2026 да заврши на 02.11.2027. 1.3. Применливи прописи 1.3.1. Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.87/21 и 14/25) и важечките подзаконски акти, како и . 1.3.2. При подготовка на својата понуда, економските оператори треба да ги имаат предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци). 1.4. Општи мерки за спречување на корупцијата 1.4.1. Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 1.4.2. Кај договорниот орган Јавна здравствена организација Здравствен дом Академик Проф.д-р. Димитар Арсов - Крива Паланка, лицето [личното име и директен телефон се редактирани], електронска адреса jzudimitararsov@yahoo.com, е овластено за прием на пријави за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи, а во врска со корупција во јавните набавки.1 1.5. Вид на постапка за јавна набавка 1.5.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на набавка од мала вредност. 1.5.2. Набавка од мала вредност ќе се изврши со објавување оглас. 1.5.3. Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса https://www.e-nabavki.gov.mk и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 93/26). 1.6. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1 Во согласност со членовите 4 и 5 од Законот за заштита на укажувачи 1.6.1. Електронска аукција: Постапката ќе се спроведе БЕЗ користење на електронска аукција. 1.6.2. Рамковна спогодба: Постапката ќе се спроведе БЕЗ користење на рамковна спогодба. 2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА 2.1. Појаснување на тендерската документација 2.1.1. Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“ на ЕСЈН, најмалку четири дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.2. Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање. 2.2. Изменување и дополнување на тендерската документација 2.2.1. Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од два дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена. 2.2.2. Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните четири дена пред истекот на рокот за поднесување понуди. 3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА 3.1. Право на учество 3.1.1. Право да достави понуда, самостојно или како член во група, да биде подизведувач или да даде поддршка на способноста согласно условите од тендерската документација има секој економски оператор, без оглед на земјата на основање. 3.1.2. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: - членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, - членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, - членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, - краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот 3.1.3. Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда. 3.1.4. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката. 3.1.5. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор: - учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или - учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда. 3.1.6. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда. 3.1.7. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација, не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка. 3.1.8. За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН. Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки. 3.2. Трошоци за поднесување на понудата 3.2.1. Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка. 3.3. Јазик на понудата 3.3.1. Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик. 3.4. Цена на понудата 3.4.1. Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, изразена во денари, без ДДВ кој се искажува посебно. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната цена во денари со вклучени увозни царини без ДДВ. 3.5. Начин и рок на плаќање 3.5.1. Начинот на плаќање е вирмански, по прием на фактура и заверка во наша архива со минимум 60 дена одложено плаќање.. 3.6. Начин и рок на испорака на Стоки 3.6.1. Носителот на набавката е должен предметот на набавката да го испорача на следниов начин во ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка ,сукцесивно за цело времетраење на договорот, во рок од 3 дена по добивање на нарачка , а по склучување на договорот за јавна набавка. 3.6.2. Носителот на набавката е должен предметот на набавка да го испорачува сукцесивно за целовреметраење на договорот, во рок од 3 дена по добивање на нарачка , а по склучување на договорот за јавна набавка. 3.7. Период на важност на понудата 3.7.1. Понудата треба да е со важност од 120 дена. 3.7.2. Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите. 3.8. Средства за обезбедување 3.8.1. Гаранција на понудата 3.8.1.1. Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапката и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 3.8.1.2. Со изјавата економскиот оператор изјавува дека: - нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, - ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата, - ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или - ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација. 4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИ 4.1. Поднесување на понудите 4.1.1. Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог. 4.1.2. Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган. 4.1.3. Понудувачот ја доставува понудата во денари со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно. 4.1.4. Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка. 4.1.5. Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите. 4.1.6. Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите. 4.1.7. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот „Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот „Документи“. 4.1.8. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - е адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 4.1.9. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка Период на важност на понудата од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.2. Краен рок за поднесување на понудите 4.2.1. Краен рок за доставување на понудите е 16.10.2026 година, до 08:00 часот. 4.2.2. Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: https://www.e- nabavki.gov.mk . 4.2.3. По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН. 4.3. Елементи на понудата 4.3.1. Понудата треба да е составена од следниве елементи - финансиска понуда, - техничка понуда со бараните прилози кон техничката понуда, - изјава за сериозност на понудата (Прилог 2), - документ за регистрирана дејност 4.4. Подизведување 4.4.1. Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата: - ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи; - доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи; - доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и - доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа. 5. УТВРДУВАЊЕ СПОСОБНОСТ 5.1. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите 5.1.1. Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци. 5.1.2. Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку б) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган во последните 12 месеци од денот на објавување на огласот за јавна набавка. За да учествуваат во постапката за јавна набавка, економските оператори треба да докажат дека ја имаат потребната способност за вршење на професионална дејност. 5.1.3. Економскиот оператор треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. 5.2. Начин на докажување на способноста на кандидатите 5.2.1. За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави: 5.2.2. Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат способноста за вршење професионална дејност. 5.2.3. Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат способноста за вршење професионална дејност. 6. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА 6.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на: - цената 6.1.1. За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена. 6.2. Рангирање на понудувачите 6.2.1. Кога критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниска цена и доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, прво рангиран ќе биде оној понудувач кој прв ја поднел понудата2. 6.2.2. Кога критериум за доделување на договор за јавна набавка е најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот или пристапот на исплатливост, и доколку две или повеќе понуди имаат ист број на вкупни бодови, на прво место ќе биде рангира онаа понуда која прва го постигнала најголемиот број на бодови, по спроведена аукција. Во случај на ист број вкупни бодови кога не се спроведува аукција, на прво место е рангиран оној понудувач кој прв ја поднел понудата3. 7. ЕВАЛУАЦИЈА И ОТВАРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 7.1. Отворање на понудите 7.1.1. Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 16.10.2026 година во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка. 7.1.2. Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да ѝ предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање. 7.1.3. Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. 2 Според член 14 став 1 од Правилникот за Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на РСМ“ бр. 93/26) 3 Според член 14 став 2 од Правилникот за Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на РСМ“ бр. 93/26) 7.1.4. Во текот на отворањето на понудите се води записник од отворање на понуди и истиот им е достапен на ЕСЈН на економските оператори кои поднеле понуда. 7.2. Евалуација на понудите 7.2.1. Кај набавката од мала вредност, комисијата најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, комисијата во генерираниот извештај на ЕСЈН за негативни референци, проверува дали понудувачите се на листата на издадени негативни референци. 7.2.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување способност на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор. 7.2.3. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки. 7.2.4. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик. 7.2.5. Доколку при евалуација на финансиската понуда комисијата утврди аритметичка грешка, истата ја исправува и го известува понудувачот за направената исправка и за конечната финансиска понуда по направената исправка. 7.2.6. Комисијата му дава рок на понудувачот да одговори преку ЕСЈН дали ги прифаќа или не таквите исправки. Овој рок не треба да биде пократок од два работни дена. 7.2.7. По добивање на известувањето од комисијата, понудувачот во рокот од точка 7.2.6, одговара дали ја прифаќа исправката на аритметичките грешки. 7.2.8. Доколку понудувачот не ја прифати исправката на аритметичката грешка, неговата понуда комисијата ќе ја исклучи од натамошна евалуација. 7.2.9. Доколку понудувачот не одговори на известувањето од комисијата, ќе се смета дека ја прифаќа исправката на аритметичките грешки, а комисијата продолжува со процесот на евалуација. 7.2.10. По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда. 7.3. Начин и исправка на аритметички грешки 7.3.1. Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправката ја врши согласно Правилникот за начинот на исправка на аритметичка грешка во фазата на евалуација на понудите (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.225/19) 1. кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка; 2. доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира; 3. доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира, и 4. во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки. 7.4. Невообичаено ниска цена 7.4.1. Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на стоките што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен. 7.4.2. Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50 % пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20 % пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди. 7.4.3. Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата. 7.5. Заштита на податоци 7.5.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација. 7.5.2. Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани. 7.5.3. Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации. Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 6.5.2 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира. 7.6. Поништување на постапката 7.6.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, - добие известување од Бирото да ја поништи постапката поради технички проблем, техничка грешка, пад или недостапност на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот 7.6.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката. 8. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА 8.1. Доделување на договорот за јавна набавка 8.1.1. Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект. 8.1.2. Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата. 8.1.3. Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда. 8.2. Известување за доделување на договорот за јавна набавка 8.2.1. Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука. 8.2.2. Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН. 8.2.3. По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна. 8.3. Склучување на договорот 8.3.1. Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка или рамковната спогодба во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор. 8.3.2. Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата. 8.4. Извршување на договорот 8.4.1. Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка или рамковната спогодба согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда. 8.4.2. Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба е во согласност со условите од договорот. 8.4.3. При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи 8.4.4. Корекција на цени 8.4.4.1. При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка. 9. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1. Право на жалба 9.1.1. Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка. 9.1.2. Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН. 9.1.3. Кај набавката од мала вредност, жалба се изјавува во рок од пет дена од денот на: 1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација; 2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации; 3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или 4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката. 5. Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ. 9.2. Завршување на постапката за јавна набавка 9.2.1. Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 9.2.2. Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите. 9.3. Склучување на договорот за јавна набавка 9.3.1. Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач на потпишување. 9.3.2. Избраниот најповолен има обврска да го потпише договорот за јавна набавка и да му го врати на Договорниот орган во рок од 10 дена од денот на добивање. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 9.3.3. Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во претходната потточка од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира гаранцијата на понудата и да објави негативна референца. 10. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА -предмет на договорот - времетрање на договорот - динамика на испорака на стоките, - пенали за задоцнување или неисполнување на договорот - гаранција за извршување на договорот и услови за наплата - начин, услови и рокови на плаќање - казнена камата за задоцнето плаќање - разлики во цена - услови за квантитативна и квалитативна контрола - начин на примопредавање на стоката, - подизведување и подизведувачи - виша сила - гарантен период - услови за прекинување или раскинување на договорот решавање на спорови.
12. Oktober 2026 · Fassung 1
Veröffentlicht
Канцелариски материјали
Предмет: Канцелариски материјали. Лотови: Лот 1: ПЕЧАТЕНИ ОБРАЗЦИ; Лот 2: КАНЦЕЛАРИСКИ МАТЕРИЈАЛИ; Лот 3: ТОНЕРИ ЗА ПЕЧАТАР SAMSUNG; Лот 4: ТОНЕРИ И ДРУМ ЗА ПЕЧАТАР BROTHER; Лот 5: ТОНЕРИ И ДРУМ ЗА ПЕЧАТАР HP; Лот 6: ТОНЕРИ ЗА ФОТОКОПИР RICON; Лот 7: ТОНЕРИ ЗА ПЕЧАТАР XEROX. Локација на испорака: ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка.
https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/d7a34402-8c88-47b8-bb1f-6ef8e984e107/13
Quelle abgerufen: 2026-10-16T10:03:43.352267Z